Познатиот музичар Горан Бреговиќ, пред концертот во Љубљана каде на 14 јуни ја почнува својата турнеја, ќе ја понуди на продажба својата гитара, која е специјално направена за него.
Бреговиќ одлучил да ја стави гитарата на аукција со цел да собере повеќе пари, кои планира да ги донира за една болница.
Со него на концертот во Љубљана ќе настапи и Ален Исламовиќ, а ќе го изведе целиот репертоар на „Бјело дугме“.