Јонхап – Сеул
Глобалната популарност на корејската поп музика отсекогаш била голема главоболка за јужнокорејските инвеститори кои се прашуваат дали овој феномен засекогаш ќе трае.
Извесни мејснтрим критики се вртат околу впечатокот дека „ниту еден идол не останува млад засекогаш“, што укажува дека ниту групите кои се идоли имаат релативно краток век на постоење и се главна движечка сила, но истовремено и ризик за целата оваа индустрија,
Сепак, по една деценија следење, експертите во К-поп индустријата сега се уверени дека на музичката сцена, корејскиот бран, познат уште и како „Халју“, е реален и траен, без разлика колку е кратковечна било која К-поп ѕвезда или бенд.
– Генерацискиот пресврт кај групите на идоли од К-попот се скрати, но во целина, К-поп културата никогаш не ја загуби својата магија, рече Ким Ги-хјун, ПР офицер во јужнокорејскиот гигант од забавата Ци-џи И енд Ем.
Една од поинаквите карактеристики на сегашното движење од корејскиот бран е се поголемиот број групи и нивната различност во стиловите, од која корист имаат и К-поп агенциите и фановите од различни култури.
– Монста Икс можеби не е најслушаниот тука, но во Јапонија тие се еден од најжешките К-поп бендови. Французите би го дале животот ако Хјојеон од Гирлс џенерејшн дојде во Париз. Од друга страна, Кинезите го сакаат скоцканиот лик на Канг Та“, додаде Ким. Од 2001, Ци-џи И енд Ем го подготвува телевизиското шоу Ем-Си канутадун, музичко К-поп шоу на нивната кабелска мрежа Мнет, која е почвата од кој изникнуваат и во која се закопуваат К-поп ѕвезди. Со децении, интерационалната публика на ова шоу само се расте.
– Сега, нешто помалку од половината од гледачите на Ем-Си каунтадун се меѓународна публика, вели Ли Санг-хун, постар аналитичар во Ци-џи И енд Ем одговорен за Ем-Си каунтдаун. „Четврточното шоу почнува да се снима најрано во среда навечер, или во четврток рано наутро. Некои од најзапалените фанови чеаат уште од среда наутро барем на секунда да ги ѕирнат своите омилени поп идоли“, вели Ли.
Експлозијата на К-поп пазарот создаде номи можности и за музичките промотери во западниот свет.
– Почнавме дома да го носиме К-поп светот, но и на глобалниот пазар, пред околу седум до осум години, кога К-попот се зацементира како дефинирана култура, рече Ким Џи-мин, од односите со јавноста во Јуниверзал мјузик Кориа. „Како комерцијална музичка компанија, од близу го следиме К-попот кој претставува скоро 80 проценти од корејскиот музичи пазар. К-попот покажа изненадувачки брз раст во изминатите 20 години, и една од нашите главни задачи тука е да го претставиме К-попот на глобалниот пазар“, рече Ким.
Јуниверзал мјузик Кориа е корејски огранок на француската мултинационална компанија за мас-медиуми Вивенди Јуниверзал груп, која држи повеќе од 30 проценти удел на глобалниот пазар и мрежа која е присутна во 77 држави. Вивенди Јуниверзал груп има и по неколку регионални седишта во големите градови низ светот, како што се Лондон, Санта Моника, Токио и Хонг Конг. Овие канцеларии контролираат бројни издавачки куќи кои потпишуваат договори со надежни локални изведувачи.
Меѓу некои од К-поп артистите кои се под Јуниверзал мјузик Кориа се и аренби текстописецот и пејач Дин, кој беше првиот пејач од Азија кој настапи на „Спотифај хаус“, главното музичко шоу на американскиот музички фестивал Југ кон Југозапад, и попера ѕвездата Лим Хјунг-ју. Светска К-поп ѕвезда Псај, познат по песната „Гангнам стајл“, потпиша договор со Јуниверзал мјузик Кориа преку неговиот менаџмент Ју-Џи ентертејмент.
Но К-поп бумот не дојде преку ноќ. По децении тестирајќи ги водите, оваа индустрија научи многу лекции и се здоби со многу искуство во проширувањето на хоризонтите за да стигне до сегашното глобално ниво.
Иако локалните критичари остануваат поделени околу тоа кој бил првата К-поп ѕвезда, која го распалила корејскиот бран, повеќемината се согласуваат дека тоа било раширено преку кинеските медиуми на почетокот на 2000-те, со порастот на ТиВиИксКју, некогашната петчлена идол група која дебитирала во 2003 година.
Името и концептот за ТиВиИксКју било создадено со цел да ги привлечат и корејските и кинеските фанови. Почетокот на оваа група беше свеж потег во очите на менаџерските агенции, откако активностите на К=поп изведувачите во странство биле сметани или за „специјален настан“ или „приклучено“ на промоциите кои воглавно биле концентрирани за домашниот пазар.
Оваа „дома прво, подоцна во странство“ формула се уште е доминантна на К-поп сцената, а тоа е очигледно со некои од најпознатите групи, како што се Грлс џенерејшн, БигБенг и СиЕнБлу.
Потоа дојде новиот тренд во К-попот – со воведување на некорејски имиња. Интернационалните членови имаше и во некои од идол групите од првата генерација, како што се Сркл, К-поп женска група која дебитираше вп 1998 година. Но овој потег стана неизбежен по момчешката група 2ПиЕм од ЏиЈуПИ ентертејнмент. Оваа група дебитираше во 2008 година и веднаш се стекна со огромна популарност дома и во странство, благодарение на популарноста на членот тајланѓанецот Никхан.
Од друга страна, ангажирањето на членови од странство има свои непредвидливости и некои од нив станаа предмет на политички тензии и правни спорови.
Во еден од најдраматичните случаи беше вклучена Цују, од женската група Твајс, кои дебитираа во 2015 година. Откако 16-годишната тајванска девојка мафташе со националното знаме од нејзината држава на едно јужнокорејско реално шоу, Кина жестоко протестираше и менаџерската куќа ЏиЈуПи и Твајс беа обвинети за поддршка за независноста на Тајван. Цуи јавно се извини и тоа беше прикажано, но потоа тајванските фанови ги нападнаа Твајс со обвинувањето дека менаџмент агенцијата ја приморале пејачката тинејџерка да се извини.
ЕсЕм ентертејнмент, најголемата К-поп менаџмент агенција, мина низ серија правни битки со своите кинески идоли, меѓу кои беа и поранешниот член на Супер џуниор, Хан Генг, и поранешните членови на Егзо, Крис и Луан, во врска со ексклузивните договори кои ги имаа со агенцијата. Скорешен значаен чекор во К=попт е растечкиот корејско-кинески заеднички бизниси во инудстријата за забава.
Средно големите К-поп етикети Пледис ентертејнмент и Старшип ентертејнмент забрзаа бизнис партнерства со кинескиот гигант во индустријата за забава, Јуехуа ентертејнмент за поголемо учество на кинескиот пазар. Старшип и Јуехуа отидоа чекор понатаму со заедничото лансирање на корејско-кинеската женска група Козмик грлс, во февруари 2016 година.
Еден месец подоцна, Једанг ентертејнмент, мала издавачка куќа која потпиша договор со женската група Егзид, стартуваше заедничка компанија Банана калчр во Сеул со кинеската медиумска група Банана проџект, која е сопственост на син на кинески тајкун во недвижностите.
Освен кинеските магнати од светот на забавата, К-поп етикетите дури и уште повеќе станаа опседнати со привлекувањето на се повеќе кинески фанови. Слично на ова, конкуренцијата меѓу кинеските медиуми во врска со покривање на К-попот стана толку шестоко што некои од нв се подготвени да одат и на крајот на светот за да добијат што поексклузивни вести.
– Денес добиваме најголемо внимание од кинеските медиуми од ланисрањето на нашата група, вели Чои Сеон-џин од тимот сопственици на Вулим ентертејнмент, под чија капа се машката К=поп група Инфинит.
– Сега кинеските новинари доаѓаат на прес-конференциите и поставуваат прашања на корејски јазик, додаде таа.