Една од гитарите на прославениот „Битлс„ Џон Ленон,која пред повеќе од четири децении, му ја има подарено на својот прв братучед,ќе се продава на аукција.
Гитарата е позната по тоа што Ленон ја има користено при снимањето на албумот „Пејпербек Рајтер“ што „Битлсите“ го издадоа во времето на нивната најголема популарност и прославеност низ светот.
По издавањето на албумот, Ленон му ја дал на братучедот, Дејвид Бирч,за да свири на неа.
Експерти за инструменти во Лондон велат дека гитарата е „ремек дело“ и дека на наддавањето може да достигне вредност и од 600 илјади фунти (околу 720 илјади евра).
Според аукционеркста компанија „Транс-Окшн„ гитарата на Ленон „Gretsch 6120″ е една од најзначајните што ги имал и ги користел Ленон,а коај во последните 30 години, се најде на пазарот за продавање.
Џон Ленон му ја подарил гитарата на својот братучед во ноември 1967 година.
Бирч изјави дека во тоа време,од пред 47 години,сонувал да формира свој бенд.Сега вели дека бил „доволно дрзок“ да му побара на својот тогаш многу славен роднина,да му подари една од неговите гитари.
Мајката на Дејвид Бирч била помлада сестра на мајката на Џон Ленон.Двете семејства биле речиси соседи во квартот Вултон,во Ливерпул,каде некогашниот „Битлс„ ја поминал својата најрана младост.