„Ганс енд Роузес“ за еден ден продадоа милион билети за европската турнеја

Од:

Рок групата „Ганс енд Роузес“ за само еден ден продадоа еден милион билети за претстојната европска турнеја закажана за во 2017, пишува списанието „Класик Рок“.

Влезниците беа пуштени во продажба на 9 декември, неколку дена по најавата дека Аксл Роуз, Слеш и Даф Меккејган се подготвуваат за светска турнеја.

Засега се потврдени датумите за концертите во Велика Британија, Јапонија, неколку други европски и азиски земји, Северна Америка, Австралија, Нов Зеланд, а се шпекулира и за неколку други дестинации.

Минатиот месец бендот се најде на врвот на топ-листата на „Полстар“ за најуспешните изведувачи според просечната заработка од турнеите.

Од еден концерт, тие заработуваат просечно 5,5 милиони долари, а просечната цена на билет за нивни настап изнесува 117 долари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски