Белград на 19-ти мај ќе биде домаќин на концерт на Депеш Мод.
На местото на концертот ќе бидат поставени 11 простории за бендот и менаџментот на турнејата. За Дејв Гахан е планирана посебна просторија, пред која тој барал исклучиво жени во обезбедувањето, додека Мартин Гор и Енди Флечер ќе делат една просторија.
Членовите на бендот од аеродромот до халата на концертот ќе пристигнат со три луксузни комбиња со затемнети стакла, а нагласено е дека дека мора вниматело да се вози, зошто ниту еден од членовите не е љубител на брзо возење.