Иако на запад е тоа честа пракса, кај нас ретко се случува признат музичар да напише песна за некој бренд. Неодамна тоа го направи најпознатиот гитарист на балканот, Влатко Стефановски за „Мекиците од Стража“.
Она што е ново, е дека изминатава недела се снимаше и спотот за истата. Стотина момци и девојки учествуваа на обемниот кастинг за на крај тимот кој работеше на видеото да се одлучи за Филип, Владо, Сара и Милица.
А тимот задолжен за целата креатива и реализација е продукцијата „Еден на Еден“. Името не го украле од ток шоуто на Жарко Димитриоски, а во тоа сме сигурни затоа што лично Жаре и неговите блиски соработници пред година дена го започнаа работењето на истата.
За овој период „Еден на Еден“ изработи голем број рекламни спотови, кампањи, промо настани и останати маркетинг активности за нејзините партнери, паралелно работејќи на тв емисијата и фестивалот „Balkan Stand-up“ кој веќе важи за можеби најквалитетниот стенд ап евент на балканот и кој оваа зима ќе го има своето четврто издание.
„Ако ми се родеше бебе деновиве, најверојатно ќе служев пити!“ – се пошегува Жаре, алудирајќи на десетиците мекици кои екипата ги изеде во неколкуте дена колку траеше снимањето.
Од „Еден на Еден“ најавија дека видеото ќе се финишира до крајот на неделава и дека се максимално задоволни од тоа како се одвиваше процесот на снимање.