Пред преполната белградска „Арена“, Северина одржа концерт за памтење. Презгодната пејачка два часа пееше, танцуваше, плачеше и се бакнуваше на своите хитови. Секоја песна имаше своја кореографија и сценска анимација.
Концертот започна со песната „Италијана“, а Севе пред разиграната публика се појави во црно трико со пердуви. Потоа продолжи со својот хит од новиот албум „Узбуна“, На крајот на песната „тарапана“, Северина влезе со уште една танчерка меѓу публиката и страсно ја бакна.
[nggallery id=168]
За време на изведбата на нумерата „Добредојде во клубот“, Северина не издржа и заплака. Публиката ја поддржа со громогласен аплауз.
По два полни часа, Северина се прости од публиката со хитот „Бред Пит“, а на бис ја изведе „Италијана“.