ФОТО: Јоксимовиќ го наполни „Филип Втори“

Од:

По најавата за спектакуларен концерт на Националната Арена Филип Втори на српската ѕвезда Жељко Јоксимовиќ, многумина беа скептични. Вчерашната публика која ја надмина бројката од 60.000 илјади само ја потврди примарната цел.

Жељко Јоксимовиќ да биде првиот кој што ќе ја наполни комплетираната арена Филип Втори.

zeljko-daniel

Со концерт кој што траеше повеќе од 3 часа, Јоксимовиќ и неговите пријатели односно гости на концертот: Даниел Кајмакоски, Гаро и браќа Тавитјан, Жељко Самарџиќ, Бора Чорба и Лепа Брена ја кренаа на нозе публиката која што во еден глас ги пееше рефрените на Јоксимовиќ.

joksimovic-Stadion (5)

Не пропушти да каже дека македонската публика пее најдобро па по оваа изјава ги нанижа најубавите македонски песни.

„Моите родители се овде, па со нивна дозвола би сакал овој ден да е мој втор роденден. Ти благодарам Скопје, ти благодарам Македонијо затоа што ми ја овозможи оваа вечер” – рече Јоксимовиќ.

joksimovic-Stadion (4)

Благодарение на План Б Продукција, како што изјави самиот Јоксимовиќ, неговиот сон стана реалност. Повеќе од 60.000 луѓе заедно со Жељко пееја на: “Љубави”, “Није љубав ствар”, “Лудак као ја” и сите останати рефрени кои што ја направија кариерата на Јоксимовиќ една од најбогатите на Балканот.

joksimovic-Stadion (2)

 „Мојот сон вечерва стана реалност. Посакувам секој пејач да го доживее ова што вечерва го доживева јас. Секогаш велам дека македонците се најдобрата публика но вечерва беа идеална. Неизмерно им благодарам на сите кои што овозможија овој сон да стане реалност – изјави Јоксимовиќ по концертот.

joksimovic-Stadion (1)

Концертот кој што беше во организација на План Б Продукција, почна нешто по 21 часот. Јоксимовиќ на сцена излезе во 22.00. Со бурен аплауз и овации концертот го заврши два часа по полноќ.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски