Момците од бендот Depeche Mode околу 17 часот слетаа на аеродромот „Никола Тесла“, каде што ги чекаа три комбиња.
Од таму тие се упатија кон хотелот „Метропол“, во кој се сместени.
За концертот во Белград пристигнаа дваесет камиони опрема, четири автомобили, шминкери, фризери и готвачи, а Дејв Гахан во обезбедување побара исклучиво жени.
За концертот се изгради бина широка 40 и длабока 24 метри, а бекстејџот е составен од 11 простории за бендот и менаџментот.
Три простории се резервирани само за членовите на бендот, а она што е неопходно во сите соби, се големи огледала, како и во сите гардеробери и простории во кои што престојува групата.