Холивудскиот актер Колин Фарел изјави дека е среќен што повеќе не конзумира дрога и алкохол. Најдобро од се е што имам многу повеќе време, имам барем осум додатни часа во еден ден, вели Фарел.
Актерот се наврати на годините кога воглавно беше пијан и дрогиран.
Пиев последниве осуманесет години. Го потрошив врмето. Кул е што сега некако имам повеќе време за живот, вели познатиот актер.
Колин Фарел отиде на рехбилитација во 2006-та година. Синот Џејмс го доби во 2003-та.
Вели дека е срамота што поради Џејмс не престанал со сите овие работи.
Кога го добив синот, реков дека е готово со се. Во тој период воопшто не ја зборував вистината, вели Колин.