Европска турнеја на Брајан Адамс

Од:

Популарниот канадски рокер Брајан Адамс, кој во текот на својата речиси 40-годишна кариера продаде над 100 милиони албуми, годинава ќе одржи тирнеја во Европа.

Во соопштението објавено на неговата веб страница и на официјалниот Фејсбук профил, се наведѕва дека на оваа европска турнеја Адамс ќе го промовира последниот албум „Get Up“.

Турнејата почнува во јули, а ќе заврши на 19 ноември со концерт во чешкиот град Брно. Во текот на турнејата Адамс, ќе има настапи и во Велика Британија, Германија, Холандија, Австрија, Белгија, Италија, Швајцарија и Хрватска.

Најблизу до Македонија, Брајан ќе одржи концерт на 9 ноември во Загреб.

Својата музичка кариера Брајан ја започна во 70-те години на минатиот век, а светска слава доживеа во 80-те со четвртиот албум „Reckless“. Некои од неговите најпознати мелодии, кои денеска важат за класици на музиката и евергрини, се „I do it for you“, „Pleаse forgive me“, „All for love“, „Summer of ’69“, „Have you ever really loved a woman“, „Run to you“, „Cuts Like a Knife“, „Heaven“…

Неговиот сингл „I do it for you“ од 1991 година беше 16 недели на првото место на британската топ листа, што се уште е ненадминат рекорд.

Неговиот последен студиски албум „Get Up“ е објавен во 2015 година.

Со досега продадени над 100 милиони албуми, Адамс се вбројува меѓу најпродаваните рок изведувачи на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски