Ерик Клептон нема да свири на концерти на кои условот за влез е вакцинација

Од:

Легендарниот музичар Ерик Клептон изјави дека одбива да настапува за „дискриминирана публика“, откако беше објавено дека британските власти од есен ќе воведат задолжителна употреба на „ковид-пасошите“ за влез во клубовите и салите за концерти.

Тој вели дека нема да свири на ниту едно место во кое на влезот ќе се бара доказ за вакцинација.

„Доколку нема начин да се примат сите луѓе кои сакаат да влезат на концертот, го задржувам правото да го откажам настапот“, напиша Клептон во соопштение за јавноста.

Клептон го сподели соопштението преку профилот на италијанскиот архитект и ковид-скептик Робин Моноти на Телеграм, заедно со линк до песната која тој ја сними заедно со Ван Морисон, „Stand and Deliver“, во која има стих „Сакаш ли да бидеш слободен човек / или сакаш да бидеш роб“.

Во мај, 76-годишниот Клептон ги раскажа своите негативни искуства од вакцината Астразенека преку профилот на Мoноти на Телеграм, тврдејќи дека имал „силна“ реакција по која се прашувал дали некогаш повторно ќе може да свири гитара.

Следниот закажан настап на Клептон во Велика Британија е во Ројал Алберт Хол во Лондон во мај 2022 година. Прочуената сала од 30 јули до 11 септември има закажано редица настани кои ќе се одржат без социјално дистанцирање, но од сите посетители ќе се бара да докажат дека се вакцинирани или дека имаат прележано Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Светските ѕвезди со концерти за поддршка на вакцинацијата и против климатските промени

Ана Ололовска

Ем-ти-ви награди: Џастин Бибер е изведувач на годината

Ана Ололовска

На идната турнеја, Фил Колинс ќе мора да пее седејќи

Ана Ололовска

Брус Дикинсон го победи и ракот на јазикот и коронавирусот

Ана Ололовска

Кање Вест го објави својот 10-ти студиски албум „Donda“

Ана Ололовска

Мистериозна интернет-страна најавува враќање на „АББА“

Ана Ололовска