Дебитанскиот албум на шкотската пејачка не ја напушти англиската Топ 10 листа од неговото објавување во февруари 2012 година. Со тоа успеала да го надмине рекордот на Битлси, кои на англиската Топ 10 листа на албуми се наоѓале непрекинато за време од 63 недели во периодот од 1963 до 1964 година.
Во коментарот на Емели за нејзиниот успех, таа изјавила: „Останав без текст, ова е нешто за кое што можев само да сонувам. Битлси за мене се најдобриот бенд на сите времиња, а нивното творештво и влијанието на музиката и понатаму не’ инспирира сите нас кои се занимаваме со музика. Среќна сум што многу луѓе се поистоветиле со моите песни на албумот“.
Во меѓувреме, албумот на Емели Санде е номиниран за најдобар шкотски аблум во 2013 година заедно албумите на бендовите Django Django, PAWS, Admiral Fallow и Calvin Harris. Победникот ќе биде соопштен на манифестацијата која ќе се одржи на 20 јуни во Глазгов.