Поп пејачот Елвир Мекиќ неодамна го пушти во етерот новиот видео запис за песната „Недопирлива“. Видео записот ја шокираше јавноста како и веб страницата Ју-тјуб која веднаш го забрани за лица под 18 години.
„Не гледам причина за голема врева. Јас сум моментно во Сараево каде ќе гостувам во неколку тв емисии, па се изненадив од реакциите поврзани со спотот. Ништо страшно што во него се љубат две девојки. Во странските спотови има слични тематики, алкохол, дрога, така да дечките од Егзит–Б одлично си ја завршија работата. Јас не им се мешав во ништо. Тие се професионалци кои снимале за Лепа Брена, Јелена Карлеуша и други звезди“, вели Елвир.
Александар Принц, режисер на спотот досега има работено со поголем дел од македонската естрада. Очигледно Принц со искуството зад себе, сакал токму поради контроверзноста спотот успешно да се пробие и да биде актуелен, со што и успеа.