Џеф Милс и Дерик Меј под диригентската палка на Емин Џијан

Од:

Македонската продуцентска куќа „Излет мјузик“ на 30 јануари го организира концертен настап во Мелбурн, Австралија, на двајцата техно диџеи и продуценти Џеф Милс и Дерик Меј, заедно со Симфонискиот оркестар од Мелбурн. Концертот ќе го диригира Џијан Емин.

Во рамки на настапот ќе има и светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte“ која ја направија Џијан и Милс.

Derrick May
Derrick May

– Очекувањата на публиката за претстојниот концерт во Мелбурн се големи бидејќи ќе имаат прилика на едно место во иста вечер да ги видат фантастичните Дерик Меј и Џеф Милс и престижниот Симфонискиот Оркестар од Мелбурн, најавуваат организаторите.

„Концертот ќе почне со програмата на Џеф Милс „Lights From The Outside World“. Ова е втора едиција на Џеф Милс по успешниот проект „Blue Potential“ чија промоција беше во 2006-та година. Во вториот дел на концертот ќе следи дел од музиката, што ја создадоа Џијан Емин и Дерик Меј во концептот насловен „Music Is Music“. На крајот ќе следи светска премиера на новата композиција „King Of Sopishte“ нарачана од директорот на Симфонискиот оркестар од Мелбурн за да се создаде композиција која музички ќе ги обедини Дерик, Џеф и Оркестарот.

Jeff Mills
Jeff Mills

– На мое лично задоволство, композицијата многу му се допадна на Џеф Милс и со нетрпение очекуваме да ја изведеме во Мелбурн. Оваа фузија на двајцата гиганти во електронската музика и Симфонискиот Оркестар од Мелбурн, се случува првпат во светски рамки и посебно ми е драго што јас и Огнен сме дел од целата приказна, вели Џијан.

Светските медиуми веќе го најавуваат музичкиот настан, меѓу кои и Гардиан.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски