Вечерва на Скопско кале ќе настапи светски-познатиот бенд „Duran Duran“. Според организаторите на концертот „Аволон продукција“, освен од Македонија се очекува публика и од соседните земји.
Улицата „Самоилова“ ќе биде затворена, а од организацијата апелираат да се дојде пред 20 часот и 30 минути.
Како предгрупа ќе настапи „Нокаут“.
Четворката John Taylor, Roger Taylor, Nick Rhodes i Simon Le Bon, важи за една од најпознатите во светот, а досега има продадено над 80 милиони албуми.
Публиката на Кале ќе има можност да ги слушне легендарните хитови како „Rio“, „Hungry like the wolf“, „Girls on film“, „Ordinary world“, „Come undone“, „A View to a kill“, која беше насловна нумера на еден од филмовите со James Bond.
Бендот низ целата своја кариера беше познат по совршените радиски поп песни, неоромантичарскиот изглед и гламурозните спотови, меѓу кои и последниот снимен за песната „Girl panic“.
Duran Duran во текот на долгата и богата кариера ги освои најважните музички награди како Grammy i Brit Awards, наградите на MTV па се до наградата Ivor Novello.
Нивните синглови 14 пати биле во топ 10 те на британската листа, а 21 пат на Билбордовата листа.