Дуке Бојаџиев најавува неколку пријатни доживувања за публиката во Скопје

Од:

Во рамките на двата престојни концертни настапи на Дуке Бојаџиев со наслов „Сон, верба, љубов“ на 11ти и 12ти мај во Македонската филхармонија, авторот покрај веќе најавената програма подготвува и неколку пријатни доживувања за публиката.

Концертот ќе го отвори со нова музичка тема која специјално ја напиша за овој настап, инспириран и понесен од креативниот импулс кога го потврдил датумот. Премиерно ќе биде отсвирена темата Катарина од филмот „Устав на Република Хрватска” на режисерот Рајко Грлиќ, во својата комплетна верзија, од која само дел беше користен во филмот. А претпремиерно, во аранжман специјално адаптиран за концертот, ќе биде изведена тема од новиот филм на култниот режисер Вељко Булајиќ, „Бегство кон морето“, кој ќе има своја премиера подоцна годинава.

Дуке (пијано и вокал) ќе настапи со тим од врвни музичари. Покрај него, специјален гостин ќе биде Тијана Дапчевиќ, актерката Наташа Петровиќ – вокал и нарација, на кларинет Исмаил Лумановски, Костас Анастасиадис на тапани, Мартин Ѓаконовски на контрабас и стринг квартетот во состав: Владимир Крстев како виолина 1, Маја Ефремова Шеќерова виолина 2, Марко Виденовиќ на виола и Марија Михајловска на виолончело.

Билетите за првиот концерт речиси се распродадени, во слободна продажба се и билетите за вториот концерт на http://mktickets.mk/ .

Дуке Бојаџиев од 2001 година живее и работи во Њујорк. Тој има дипломирано на Медицинскиот факултет во Скопје, а потоа на музичкиот колеџ Беркли во Бостон. Низ неговата меѓународна кариера Дуке има креирано музика за многу филмови и соработувано со добитници на Оскар, Џонатан Деми и Данис Тановиќ. Дуке има работено со артисти како Синди Лопер и Телепоп мјузик, настапувано во светски дворани, меѓу кои, Карнеги Хол во Њујорк, Авалон театар во Лос Анѓелес и Античкиот театар во Охрид. Соработувал и со пеачката Ангела Мекласки, филмскиот композитор Пол Кантелон, холивудската актерка Џина Гершон и со продуцентот и аудио инженер на британскиот бенд Д Продиџи, Нил Меклелан.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски