Џони Штулиќ: Живеам аскетски, го проучувам Крале Марко и снимам песни

Од:

На својот канал на „ЈуТјуб“ Џони Штулиќ за време на викендот стави 18 нови снимки – поточно бисери на народната музика, кои ги преработи и сними овој легендарен музичар. Меѓу нив се и композициите „Во лијепом старом граду Вишеграду“, „Добро јутор, мој бекријо“, „Нема љепше дјевојке“, „Слику твоју љубим“, „Волем дику“, „У рану зору“…

Се чини дека Џони, по долги години изолација во Холандија, го избра „ЈуТјуб“ како начин на комуникација со својата бројна публика, која во буквална смисла на зборот е гладна за се што ќе направи овој автор и музичар. Од март 2011 година, обработи, сними и по на „ЈуТјуб“ на публиката и подари 320 хитови. Во интервју за Аваз одговара на неколку прашања.

Немам план

Тоа беше повод вчера утрото да го побараме Џони во неговиот дом во холандскиот град Хоутен во близина на Утрехт и да се обидеме да ја дознаеме повеќе информации за овој проект. Џони ни се јави, а за време на нашиот телефонски разговор на вратата на домот на Штулиќ неколку пати ѕвонеа посетителии, што тој го прокоментира со зборовите: „Со години ништо и тогаш се во еден ден“, но сепак даде уште еден во низата ексклузивни интервјуа за „Дневни аваз“.

Култниот лик на музичката сцена од овие простори ни откри со што се занимава во моментот, многу отворено зборуваше за причините зошто става обработки на народни песни на „ЈуТјуб“, како и за други интересни теми.

На „ЈуТјуб“ воглавно ставивте свои верзии на познати народни песни.

– Од повеќе од 300 песни 80 проценти се народни.

Во кој период ги снимавте?

– Во последно време, но и претходно. Немам никаков план… Има се.

Добри се снимките.

– Успеаја песните, навистина успеаја.

Ретко сте задоволен, но сега сте.

– Основна работа е, кога нешто е свежо, тоа веднаш да го снимам ако имам можност, бидејќи тогаш најдобро ќе излезе. Штом тоа во себе го носам два дена, недела, го губам односот кон тоа и не можам ништо повеќе да напдавам. Се совпаѓа едноставно. Интернетот многу ми помогна, 90 проценти од тие песни ги знаев помалку-повеќе, но доволна е ситница и добро ти доажа. Инаку не би можел да направам се што постои и дури да се збогатат некои работи кои се надвор од тоа.

Ми недостига Шарец

Зошто народни песни? Зошто тоа Ве привлекува?

– Затоа што тоа е народно. Песната е песна. Народните, кои се сочувани, воглавно имаат мелодија, а најважно ми е тоа што оваа никој претходно не го има направено. Мене за тој проект ми беа потребни 20-30 години, тоа се све агрегатни состојби, како струја од 110 и 220 волти. Тоа што го почнав шеесетите години е музика на ритам, а народната е или на друг ритам или без ритам. Е, сега, мене најголем проблем ми бепе како да се префрлам од една во друга состојба, Тоа е само песна како што треба да биде.

Не ставате свои нови авторски песни на „ЈуТјуб“?

– Не, И своите нови песни нема да ги става. Тие не се за на „ЈуТјуб“. Тоа е приватна работа. И оваа е приватна работа, но на крајот на краиштата, човекот не живее на Марс и тоа е еден компромис, пола-пола.

Ќе ги објавите песните на ЦД?

– Не. Не доаѓа во предвид.

Зошто ги објавувате на „ЈуТјуб? Која Ви е целта?

– Немам никаква цел. Едноставно ми е мило кога се релаксирам, кога очите ќе ги заморам со литературата, па тогаш, малку слушам тоа што ми се допаѓа.

Следите ли колку посетеност имате на „ЈуТјуб“?

– Можат да се избројат на прстите на една рака, а мене тоа не ме допира. Ако веќе нешто правиш, тогаш, вероватно, нешто и за себе прави. Надвор од тоа ништо не ми значи. И да не го правам тоа поради себе, некој суд за нешто постои.

И понатаму пишувате?

– Мора нешто да се работи. Секогаш има некои дупки и човек не сакајчи ќе наиде на нешто.

Што сега проучувате?

– Крале Марко. Тоа е крајот на 14 вел. Прилично работи овде не се совпаѓаат. Народните песни сигурно носат многу од тоа, но за него не се знае ништо освен дека се женел и дека повторно ја менувал втората жена за првата и дека загинал во 1395. Најважната работа се дубровничките архиви, бидејќи во тоа време Дубровник беше најсигурниот банкарски град. Ете, тоа ме интересира…

Има логика – народни песни и Крале Марко.

– Сигурно дека има логика, бидејќи да не беа народните песни, никој не би знаел, бидејќи за Марко нема две букви. А сигурно вредел. Но, сигурно е дека ниту бил толку голем и убав како што се вели во песните, но бил силен во нешто друго. Јас го гледам како просветлен владетел. Но, ми фали коњот Шарец.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски