По повод 40 години од објавувањето на првиот албум на Бијело дугме „Кад би био бијело дугме“ дискографската куќа „Кроација рекордс“ подготвува луксузно издание „Bijelo dugme – box set deluxe“.
Првпат ќе бидат обединети сите девет студиски албуми на најголемата рок група во регионот.
Луксузно издание ќе биде објавено на 14 ноември со лимитиран тираж. Ќе може да се купи само во одделни продавници во регионот и он-лајн на „Амазон“ и во „Croatia records web shop“.
Колекционерите својот нумериран примерок од луксузниот винилен бокс сет ќе можат да го порачаат од 14 септември.