Концертот на британската рок група „Депеш Мод“ во Истанбул е одложен заради блокада на бугарско-турската граница, соопштува електронското издание на романскиот весник „Евениментул зилеј“, повикувајќи се на официјалниот сајт на групата.
Концертот на „Депеш Мод”, закажан за вечерва во Истанбул, нема да се оддржи, соопштува сајтот.
Камионите со сценската опрема на групата не можела да ја минат бугарско-турската граница, откако неколку стотици камиони вчера ги блокираа главните гранични премини Капитан Андреево и Лесово.
Бугарските превозвници протестираат против турските власти, кои според нив ги дискриминираат во однос на нивните турски колеги, забележува весникот.
„Депеш Мод“ и турските организатори од „Пурпл Концертс“ работат за репрограмирање на денешниот концерт за друг датум од турнејата. Фановите се замолени да ги зачуваат своите билети и да очекуваат нова информација од групата, се посочува во соопштението објавено на сајтот depechemode.com.