Денови на македонска музика

Од:

Со концертот „Звуците на Македонија“ на ансамблот „Мартин & ПЕР-ЕКС“ на Мартин Вучиќ и уште шест изведувачи кои ќе настапат со композиции од Живоин Глишиќ според македонски народни теми, вечер во Македонската опера и балет почнуваат 39. Денови на македонска музика (ДММ).

Манифестацијата која традиционално ја организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), во претстојните 16 дена, до 14 април, ќе понуди 11 концерти. Влезот за посетителите е слободен.

Концепцијата на фестивалот останува иста – македонска музика од различни жанрови.

Во рамки на ДММ, 33 композиции ќе имаат светска премиера, а 14 се дела од македонски композитори создадени во 2014 и 2015 година.

Покрај концерти, ќе се одржуваат и предавања, како и работилници наменети и за пошироката јавност.

На фестивалот, главно, ќе настапат камерни ансамбли од Македонија, но и гости од странство – германскиот пијанист Штефен Шлаермахер (1 април), гудачкиот квартет „Мивос“ од САД (6 април), словенечкиот гитарист Нејц Кухар (11 април). Шлаермахер и Кухар во деновите на своите настапи претходно во ЕУ инфоцентарот ќе одржат предавања во рамки на проектот „Современи европски композитори“.

На програмата се и: Камерен концерт 2:3 (2 април), настап на ансамблот „Кон темпора“ (4 април),  два концерта на 8 април – на млади композитори и на дувачкиот квинтет на ансамблот „Сонорис“, концерт на акузматична музика (на 10 април во Планетариумот на МКЦ како нов простор на фестивалот) на кој ќе гостува Мехмет Џан Озер кој ќе одржи и работилница за студенти. На 13 април концерт ќе одржат и хорот „Проарс“ и Женскиот младински хор при МКЦ, под диригентство на Сашо Татарчевски.

За затворањето, на 14 април, концерт ќе одржи Македонската филхармонија, посветен на 80 години од раѓањето на композиторот Александар Џамбазов. Ќе има шест вокални солисти и ќе бидат изведени популарни композиции и хитови од фестивали за забавна музика.

На затворањето на ДММ ќе бидат доделени и трите награди кои традиционално ги доделува СОКОМ: „Трајко Прокопиев“ – за животно дело; „Панче Пешев“ – за најдобро премиерно дело во изминатата година и „Геогри Божиков“ – за најдоба изведба на македонско дело.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски