Има се поголем број информации дека Дејвид Боуи подготвил неколку албуми, што би биле објавени по неговата смрт. Така „Њусвик“ јави дека прв од трите албуми ќе биде објавен следната година, а другите во годините што следат и тоа не по редот по кој настанале.
Неименуван соработник на Боуви за „Њусвик“ изјави дека Боуви бил личност која точно сакала да знае кога нешто од неговатата работа ќе биде објавено, па така ќе биде и сега. Инаку, по смртта на Боуви продажбата на неговите албуми се зголеми дури за 5.000 отсто. Дури девет негови албуми се на британската топ листа, меѓу нив и последниот „Blackstar“, што беше објавен на 8 јануари, на самиот роденден и само два дена пред неговата смрт.