Ноел Галагер, поранешниот фронтмен на групата Оејзис во разговор зa Абсолут Рејдио изјави дека Дејвид Боуви не завршил со неговото враќање на сцената.
– Ако може да се верува на луѓето со кои разговарав, веќе е во подготовка нов албум. Тој има 29 подготвени песми, изјави Галагер и додаде дека тоа не значи дека албумот набрзо ќе излезе.
– Не знам што е следното што Боуви би можел да го направи. Би можел повторно да исчезне на десет години, а би можел да издаде и нов албум. Би можел да има најдобра турнеја на сите времиња, но и никогаш веќе да не одржи концерт. Кој тоа го знае, рече Галагер и додаде дека новиот албум на Боуви „The Next Day“ многу му се допаднал и оти Боуви го вбројува рамо до рамо со Елвис Присли и Џон Ленон.