Д-р Дре повторно обвинет за семејно насилство

Од:

Неколку дена откако познатиот американски рапер Доктор Дре беше примен в болница поради мозочна аневризма, неговата поранешна сопруга Никол Јанг поднесе тужба обвинувајќи го за семејно насилство кое траело со години.

Во судските документи, Никол наведува дека Дре (со вистинско име Андре Јанг), двапати ѝ ставил пиштол на главата, ја удрил в лице и ја притискал спроти ѕид. Двојката се разведе годинава, по 24 години в брак и сега се води битка за поделба на имотот.

Финансиската состојба на Д-р Дре е проценета на 800 милиони долари, а Никол од него бара два милиона долари месечно.

– Ги образложив сите болни податоци за злоставувањето што Андре ми го нанесе за време на нашата над 25-годишна врска. Ми стави пиштол во главата во јануари 2000 година и во ноември 2002 година. Ме удри двапати по лицето. Во 2006 година тој луто ја скрши вратата од спалната соба каде што се криев од него. Ме уништи емотивно и буквално до таа мера што почнав да страдам од посттрауматски стрес, вели таа.

Никол откри дека во еден миг интервенирала и полицијата.

– Се јавив (во полииција) во септември 1995 година, непосредно пред да се венчаме. Тогаш тој ме турна кон ѕидот и ме подигна од земјата, држејќи ме за вратот. Неколкупати и за време на бракот, помислив да ги повикам повторно, но толку се плашев од него што помислив дека полицијата не би можела да ми помогне, додава Никол.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска