Елвис Присли и членовите на групата „Битлс“ се на врвот на листата за најфалсификувани автограми во 2012 година, соопштија експертите за верификација на автограми, групата „ПСА/ДНА“.
На кралот на рокенролот и британските рокери на врвот на листата им се придружија и поранешниот претседател на САД, Џон Ф. Кенеди и поп ѕвездата, Мајкл Џексон.
Починатиот американски астронаут Нил Армстронг е на трето место на листата, иако бројот на неговите лажни автограми значително порасна откако почина во јули.