Целовечерен фестивал на Канал 103 во МКЦ

Од:

Музичкото радио Канал 103 вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар на два подиума организира целовечерен фестивал „103 Генерации“ со бендови и музичари од Велика Британија, Шведска, Албанија и Македонија, сите со актуелни албумски изданија за 2018 година. Во фоајето на кино „Фросина“, пак, ќе настапат диџеите од Стотројка.

Фестивалот е по повод 27-годишното постоење на Канал 103, а програмата на фестивалот „103 Генерации“, како што наведува МКЦ, е исклучително храбра, напредна, супереклектична и бескомпромисно квалитетна, каква што е и програмската ориентација на радиото.

-Главните адути, поточно хедлајнери на настанот се, несомнено, шведскиот маг на софистицираниот електронски звук „The Field“ и британските психоделични гитар-рок херои „The Oscillation“. Тука е и одличниот дарк/минимал/колд вејв тандем од Тирана „I Tpame I Tvrame“, како и домашните миленици на инди/пост-рок публиката „Susijat“. Сите четири имиња во Скопје ќе ги промовираат своите најнови албумски изданија, објавени во 2018 година, што на целиот настан му дава доза на свежина, актуелност и ексклузивност, соопшти организаторот.

Фестивалот ќе се одржува на два подиума. На главната сцена во „Сала 25 мај“ (поранешна Дансинг сала во МКЦ) четирите бендови ќе настапат во живо, а на втората сцена во фоајето на кино „Фросина“ ќе настапат диџеите на Канал 103: Виолета Качакова, Илина Ангеловска, Ивана Драгшиќ, Мирко Попов и Андреа Салпе.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски