Цеца: Сестра ми е колатерална штета од мојот живот

Од:

Јас не сум човек кој се кае. Секогаш во мојот живот сум имала некоја цел. Тоа ште е направено е направено. Било убаво додека траело, вели Светлана – Цеца Ражњатовиќ одговарајќи на прашањето дали се кае за своите љубовни врски во минатото од магазинот „Stori“.

Во ова свое интервју таа зборува за својот живот, за поранешниот сопруг со кого има само добри спомени, за своите врски и семејството.

Цеца (39) исто така открива дека во моментот не е заљубена и никој не и се додворува, но дека тоа не е пречка да не биде среќна. Кога вистинскиот би се појавил, тој треба да биде физички и ментално здрав, а таа сигурно би се одлучила на уште едно дете, бидејќи децата ги раѓа само од љубов.

Популарната пејачка не крие дека во врската таа секогаш доминира, но ги почитува потребите и навиките на нејзиниот партнер. Компромисот и почита се клучни за успешна врска и секогаш се придружува кон тоа правило.

Фолк пејачката не е задоволна од начинот на кој новинарите задираат во приватноста на нејзините деца, обвинувајќи ги притоа за злоупотреба бидејќи објавиле нивни приватни фотографии во весниците без да имаат дозвола за тоа.

Во своито интервју таа ја потврди приказната за смалувањето на градите, поради здравствени причини, но за разлика од силиконските гради, корекција на устата никогаш не направила.

Најголема сила за предизвиците на животот црпи од своето семејство. Според неа, најголем дел од поддршката за надминување на проблемите добила од нејзината сестра Лидија Осољковиќ. Во времето на „катастрофите“, кога многумина и го свртеле грбот, Лидија била со неа, а многу често во најтешките моменти била и колатерална штета.

„Откако паметам за себе, најголемата поддршка ја добивав од мојата сестра Лидија, таа многу ми помогна во лошите и тешки времиња. Лидија за мене поднесе големи жртви. Таа остана како колатерална штета од моите најлоши моменти. Но, ние сето тоа го заборавивме и одиме понатаму“, изјави пејачката за „Stori“.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски