Канадскиот пејач, Мајкл Бубле, ќе ја прекине својата музичка кариера додека неговиот син не се излечи од канцер.
Цел свет занеме кога канадскиот пејач објави дека неговиот тригодишен син Ноа е болен од рак.
Сега му претстојат четири месеци хемотерапија, а пејачот одлучи целосно да му се посвети на излекувањето на синот, за кој велат дека има 90-отстотни шанси да ја победи болеста.
-Тој нема да пее додека детето не му оздрави. Се затвори и мислам дека не ги ни проверува социјалните мрежи, но сигурен сум дека ја чувствува љубовта и поддршката која му ја испраќаат милиони луѓе, рече неговиот пријател, канадскиот музичар Дејвид Фостер.