Британските ѕвезди бараат Владата да ја спаси музичката сцена

Од:

Ед Ширан, Сер Пол Мекартни, Дуа Липа, како и членовите на „Ролинг стоунс“ и „Колдплеј“ се меѓу 1.500 потписници на барањето до Британската влада за помош и спас на музичката сцена, која е погодена од корона-кризата, покрај сѐ друго.

Во отвореното писмо, се предупредува дека забраната за масовни собири може да значи крај на настаните во живо. Тие укажуваат и дека на мерките за физичко растојание не им се гледа крајот, но и дека досега не е договорена никаква финансиска поддршка од властите.

Според британските музичари, иднината на концерти и фестивали, како и иднината на илјадници луѓе кои работат во оваа индустрија, изгледа мрачна и сива и на сцената ѝ е потребна државна помош за да се одржи.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски