Бреговиќ продава зграда за два милиони евра

Од:

Музичарот Горан Бреговиќ ќе ја зголеми банкарската сметка за два милиони евра, и е во завршни преговори со Агенција за недвижности на која ќе и ја продаде зградата во Белград.

Зградата, која е изградена пред три и пол години, како што дознаваме, има пазарна вредност од најмалку три милиони евра, но Бреговиќ сака да ја продаде проблеми со градежните дозволи.

– Бреговиќ таа зграда ја градеше со намера да ја продаде и да заработи милиони, но некој на кому му засметало почнал да ја испитува законитоста на изградбата и го попречувал долго и успешно. Тој, сепак, благодарение на неговите врски и пари, успеал колку толку да ги среди документите и конечно да најде некој кој е подготвен да ја плати и да продолжи да ја препродава. Ќе добие два милиони евра за големата четирикатница, а таа реално вреди и повеќе од три милиони евра, што е, ќе се сложите, огромна загуба – открива добро упатен извор.

Жителите на елитната улица во Вождовац, во близина на Универзитетот за политички науки и ФОН, беа среќни што наскоро некој ќе ја купи зградата и ќе го врати во ред земјиштето каде што се наоѓа објектот. Најблиските соседи веќе се жалеа кај надлежните органи дека сопственоста на Брега е легло на лебарки, стаорци и ѓубре.

Познатиот музичар не беше достапен за коментари, а неговиот менаџер Рака Мариќ не сакаше да зборува за финансиската состојба на својот клиент. Бреговиќ до неодамна беше во Белград, на почетокот на оваа недела отпатува за Анкара, каде што има концерти.

Проблеми со дозволите

Горан Бреговиќ во Белград има четири објекти. Два во Вождовац, а другите два во Сењак. Тој поради имотот во Вождовац беше на суд а после судското рочиште се обврза да плати казна од два и пол милиони динари. Музичарот доби дозвола за изградба на семејна куќа а изгради станбена зграда.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски