Бред Пит е првиот маж кој ќе биде рекламно лице на легендарниот парфем Chanel N°5. Француската модна куќа ја објави веста во мај, а сега објавена е првата фотографија од снимањето.
Лансирањето на рекламата е планирано за 15 октомври, а за соработката со Шанел, Бред Пит ќе добие 7 милиони долари.