Бред Пит ги почасти Британците со компирчиња и риба

Од:

Бред Пит, кој ги помина последниве неколку месеци на снимањето на филмот “советник” и “светска војна Z” во Англија, се збогува со британците така што соседите од Сари ги почасти со компирчиња и риба. Актерот и неговата партнерка Анџелина Џоли се вратија со децата во Америка.

– Бред и Анџелина сакаа да се збогуваат со своите соседи на вистински начин. Обично јадеа отмени оброци, но ја засакаа и традиционалната британска кујна – открива за таблоидот “Сан” извор близок до двојката.

Како што пренесуваат британските медиуми, Бред Пит, за време на неговиот престој во Англија ја презел врз себе обврската за чистење на куќата, перењето и пеглањето.

– Додека Анџелина не била таму, тој за да му помине времето ја средувал куќата. Децата му помагале да подготви вечера – изјави изворот.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска