Боно смета дека песната „Алелуја“ (Hallelujah) од Леонард Коен е „најсовршената песна на светот“.
Изјавата на пеачот на групата U2 се наоѓа во книгата „The Holy or the Broken:Leonard Cohen, Jeff Buckley, and the Unlikely Ascent of Hallelujah“ чиј автор е Алан Лајт.
Песната „Алелуја“ ја обработиле многу, но покрај оригиналната, создадена во 1984 година, можеби најпозната е верзијата на Џеф Бакли, која се наоѓа на неговиот деби албум „Grace“.
Освен Боно, за песната зборуваат и пејачката Регина Спектор која песната ја опиша како „неуништлива“. Патрик Самп од групата „Fall Out Boy“ рече дека „песната секогаш се враќа и секогаш делува како да е нова. Секогаш кога ја слушаме звучи како нова“.
Зборувајќи за неговата книга, Лајт изјави за „Холивуд репротер“:
– Сакав да го истражам ефектот на лавина кој го постигна оваа песна во текот на неколку децении, со што „Алелуја“ стана една од најсаканите, најизведуваните, но и најнесфатените песни на сите времиња.
На самиот Леонард Коен понекогаш му е тешко да ја слупа својата песна, која често се изведува во емисиите за потрага по нови пејачки таленти.
– Дали мораме секогаш да слушаме на крајот на секоја драма или во ријалити емисиите? Понекогаш помислувам дека можеби не треба толку да се изведува, но ми е драго што луѓето и понатаму ја пеат, рече славниот канадски кантавтор.
Меѓу бројните уметници, кои покрај Џеф Бакли, ја изведуваа песната на Коен, за која Лајт наведува дека е „хипнотичка синтеза на молитва и сексуалност“ се и Боно, Вили Нелсон, Руфус Вејнврајт, Имоџен Хип и Џон Кејл.