„Боемска рапсодија“ од Квин е најслушана песна на 20. век

Од:

Песната „Боемска рапсодија“ од британската рок група Квин е најслушана композиција на 20. век, напиша на Твитер американскиот медиумски гигант „Јуниверзал мјузик груп“.

Според компанијата, оваа песна ја надминала границата од 1,5 милијарди стриминг слушања на Интернет. Како што јави списанието „Варајати“ популарноста на песната се зголемила по излегувањето на истоимениот филм „Боемска рапсодија“ кој ја опишува историјата на создавањето на групата Квин.

Студиската снимка на „Боемска рапсодија“ е направена во 1975 година кога била пуштена како сингл. Песната трае шест минути и во 1981 година влезе во колекцијата на најдобрите хитoви на оваа група.

Според „Бокс офис моџо“, истоимениот филм, чија премиера во Америка се случи на 7 ноември, во американските киносали досега има заработено речиси 174 милиони долари. Додека надвор од САД филмот досега има заработено над 422 милиони долари.

Буџетот за продукција на филмот „Боемска рапсодија“ е 52 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски