Популарниот пеач издаде само 100 копии од неговиот нов албум, но најголемиот дел го „сокрил“ во неколку ексклузивни продавници ширум Британија.
– Тоа е како да имате златна влезница во „Чарлиевата фабрика за чоколади“, пишуваат странските медиуми. Албумот со четири компакт дискови го сочинуваат 86 песни кои се снимени во живо, но и во студиото во периодот од 1962 до 1963 година.
На албумот се наоѓа и верзија класика „Blowin’ In The Wind“ која до сега не е објавена. Неговата издавачка куќа „Сони“ издаде ограничен број на примероци за да се одбегне губењето на контрола над авторските права кои се подразбираат во Европа.
Само 100 парчиња се произведени и во продажба пуштени само во одредени продавници во Британија, Германија, Франција и Шведска. Некои примероци веќе завршиле на сајтот „eBay“ и за сега чинат нешто повеќе од 1.000 евра. Некои предвидуваат дека цената дополнително ќе се искачи во наредниот период.