Младата актерка Блејк Лајвли неодамна се омажи за Рајан Рејнолдс. За да биде сигурна дека фустанот кој ќе го носи на свадбената церемонија ќе биде онаков каков што го замислувала Блејк учествувала во неговото креирање.
„Блејк многу добро знае што сака, кога станува збор за модата и точно знаеше каков фустан сака за својот посебен ден. Беше вклучена во секој чекор од изработката на венчаницата“, откри креаторката Џорџина за US Magazine.
Заедно ја создале венчаницата од соништата на актерката, богата со свила, со розеви и златни украси.
Венчавката се одржа во Јужна Каролина, а фотографиите и деталите од свадбената церемонија ќе бидат објавени во декемврискиот број на списанието Weddings.