Битлси на врвот на листата најуспешни музичари во историјата

Од:

Според листата на американскиот портал „Бизнис инсајдер“, Битлси се без конкуренција најпродавана музичка група со 178 милиони продадени албуми.

Зад групата од Ливерпул се најде американскиот кантавтор Гарт Брукс, со 148 милиони продадени албуми, додека трет е Кралот – Елвис Присли – со 136 милиони албуми.

Уште еден британски бенд, Лед Зепелин, се најдоа на четврото место со 111,5 милиони албуми, по што следат Иглс со 101 милион и Били Џоел со 82,5 милиони продадени албуми.

Кралот на попот Мајкл Џексон има продадени 81 милиони албуми, а Елтон Џон е седми со 78 милиони. Солидниот успех на Британците на листата на Бизнис Инсајдер продолжува со Пинк Флојд и нивните 75 милиони продадени албуми, по што следат Еј-Си/Ди-Си со 72 милиони.

Кантри музичарот Џорџ Стрејт е 11. на листата, пред Барбара Стрејсенд, Ролинг Стоунс, Аеросмит, Брус Спрингстин и Мадона. Поп дивите Мараја Кери и Витни Хјустон се на 17 и 19 место, додека металците Металика и Ван Хејлен се на 18 и 20 место на најуспешните групи и музичари на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски