Бијонсе: Музиката ми помогна во најтажниот период

Од:

Американската поп пејачка, Бијонсе во својот документарец „Лајв ис бат а дрим“, кој наскоро треба да биде објавен, за прв пат проговори за загубата на своето дете.

Поп дивата која минатата година со сопругот Џеј Зи ја доби ќерката Блу Ајви, изјави дека во 2011 година требало да стане мајка.

Пред две години бев бремена прв пат. Го слушнав чукањето на срцето, што е најубавата музика која ја имам слушнато во животот. Избрав име и си замислував како ќе изгледа моето дете. Отидов во Њу јорк на преглед, каде што открив дека срцето веќе не работи. Само недела дена пред тоа, лекарот рече дека е се во ред – ја раскажа Бијонсе, својата потресна приказна.

Музиката била единственото нешто, што и помогнало да го надмине болот.

Отидов во студио и ја напишав својата најтажна песна. Тоа беше најдобрата терапија за мене, во најтажниот момент од мојот живот – изјави Бијонсе, но не откри за која песна станува збор.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски