Ѕвездата Бијонсе го затвори доделувањето на видео музичките награди на МТВ со епски 20-минутен перформанс, а на сцената и се придружија и сопругот и ќерката.
Бијонсе пееше и танцуваше во металик боја трико, додека двегодишната Блу Ајви и Џеј Зи гледаа од публиката кога дивата изјави „МТВ, добредојдовте во мојот свет“.
Семејството беше заедно на сцената, кога Бијонсе ја доби специјалната награда „Авангард” во чест на Мајкл Џексон, за нејзиниот придонес кон музиката. Џеј Зи ја нарече сопругата „најголемиот жив изведувач“.
Со солзи во очи Бијонсе се заблагодари на публиката и погледна кон сопругот и ќерката, велејќи им дека ги сака.
Мајли Сајрус ја освои наградата за видео на годината за темата „Wrecking Ball“. Младата изведувачка овој пат остана назад, а на сцената го испрати својот гостин. Во нејзино име, наградата ја прими бездомникот Џеси, кој повика да се посети нејзиниот сајт со цел да се сврти вниманието кон проблемите со кои се соочуваат бездомниците.
За најдобро рок видео, наградата ја понесоа Артик Манкис за „Do I wanna know?“, додека за најдобро хип-хоп видео Чајлдиш Гамбино.