Бендот „Ај Кју“ кој неодамна го промовираше својот албум „Само Сакав“ и го промовирше носечкиот сингл „Еве пак“, доби и видео запис.
Видео записот се снимаше повеќе денови на повеќе локации во Охрид, Свети Наум, Галичица, Матка и Скопје во реалиција на Горила Филмс.
Бендот по успешната концертната турнеа која ја имаше летово, продолжува со своите активности, со своето прво учество на „Скопски фестивал 2015“ со композицијата „Убава“, која е реден број шест. Ако и Вие сметате дека „Убава“ е најубава да ја направиме место број еден.