„Баклава“ на манифестацијата „Македонија во чест на Св.Кирил“

Од:

Во рамки на традиционалната манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“ денеска во Рим ќе настапи етно музичката група „Баклава“, која ќе ја претстави македонската изворна музичка традиција.

Македонската државно – црковната делегација предводена од министерот за надворешни работи Никола Попоски вчера присуствуваше на молебенот на гробот на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“. Со молебенот на гробот на Светителот, чиноначалствуваа митрополитот дебарско – кичевски Тимотеј и митрополитот Европски г. Пимен.



Министерот Попоски, утре, како дел од државно – црковната делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов, ќе присуствува на аудиенцијата кај Папата Франциск, а веднаш потоа ќе го придружува македонскиот претседател на средбата со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пиетро Паролин, во Апостолската Палата.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски