Американскиот рок бенд „KISS“ со книга „Чудовиште“ во буквална смисла

Од:

Членовите на рок бендот „Кис“, Џин Симонс, Пол Стенли, Томи Тајер и Ерик Сингер, вчера се собраа во Лондон за да ја промовираат својата нова ретроспективнаа книга „Кис чудовиште“.

Таа преставува луксузно издание, со ограничен број примероци, долга е и широка по еден метар и соодржи досега невидени фотографии од 40-годишна кариера на бендот.

„Бенд кој е поголем од животот заслужува и книга која е поголема од животот. Ние ја нарекуваме голема книга – чудовиште, но ако се стави на нозете од неа ќе се добие масичка за кафе“, се пошегува Стенли на прес конференцијата.

Само 1.000 копии на „KISS Monster“ ќе бидат пуштени во продажба и секој примерок е потпишан од челеновите на бендот.
Од вчера таа веќе е пуштена во продажба во Белика Британија.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски