AMA: One Direction најдобар бенд, Кејти Пери најдобра пејачка

Од:

Во Лос Анџелес синоќа доделени се 42. по ред АМА награди. Главни ѕвезди на вечерта беа момчињата од бендот One Direction.

Тие се најомилена поп група, имат омилен албум на годината, прогласени се за уметници на годината. Наградата Дик Кларк ја доби Тејлор Свифт (24) која беше почестена што статуетката и ја додели  музичката дива Дајана Рос (70).

Британецот Сем Смит (22) е најдобар музички поп изведувач, а награда во женска категорија ја доби Кети Пери (30) која има и најдобар сингл на годината „Dark Horse“.

Таа за признанието се заблагодари преку видео порака затоа што моментално се наоѓа во Австралија на нејзината „Prismatic“ турнеја.

Награда за најдобар рап изведувач ја доби Иги Азалеа (24) која во последно време јавно е во конфликст со Еминем (42) и ја искористи оваа можност да „испали“ одговор наменет за нego.

– Голема чест ми е што можам да стојам тука против Еминем и Дрејк, рeче пејачката која ja доби награда и за најдобар рап албум.

Во категоријата најдобар соул/ар`н`би изведувач, наградите ги „собраа“ Бијонсе (33) и Џон Леџенд (35), а Квин Б има и омилен албум во иста категорија. Најдобар алтернативен рок бенд е Imagine Dragons, а Келвин Харис (30) е најдобар изведувач на електронска музика, додека Енрике Иглесиас (39) е најдобар латино изведувач.

Награда за најдобар нов изведувач ја доби бендот 5 Seconds of Summer.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски