Ален Хасановиќ, момчето со извонредна изведба на „Ѕвездите на Гранд“, има авторска песна

Од:

Ален Хасановиќ, прилепчанецот кој го крена жирито на нозе со својата изведба во музичкото телевизиско шоу „Ѕвездите на Гранд“ веќе има своја прва авторска песна која уште во текот на летото ја промовираше во Скопје.

Хасановиќ, кој беше победник на реномираниот фестивал „Канео Фест 2014“ на 15 јули во кафулето „Скопје Кафе“ на Плоштад „Македонија“ во Скопје го промовираше својот најнов видео запис за авторската песна „Кога сфатив“ на македонски, односно „Кад си мени рекла иди“ на српски јазик.

На промоцијата покрај пријателите, присуствуваше и голем дел од новинарската фела, како и јавни личности кои дојдоа да му дадат поддршка на овој млад талентиран музичар.

Месец дена подоцна, во август младиот пејач Ален Хасановиќ ја имаше честа пред 20.000 публика да го отвори фестивалот „Стари Град“ во Србија. Таму на сцената настапи заедно со ју-легендите „САРС“, „Црвена Јабука“, Ален Исламовиќ и многу други.

– Ми беше голема чест да го отворам фестивалот. Вистинско задоволство е да се настапува на јубилејно издание на еден таков реномиран фестивал каков што е “Стари Град“, изјави Ален по завршувањето на фестивалот.

Иако не сакал да се пријави на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Град“, по долго инсистирање од својот татко и блиските пријатели, младиот пејач сепак го променил мислењето и отишол на аудицијата да си ја испроба среќата. Откако добил позитивни критики на аудицијата, започнал активно да се подготвува за својата изведба на големата сцена.

Талентираниот Ален Хасановиќ има извонреден глас, но и сам си ја создава својата музика. Неговите видеа поставени на Youtube, за само 24 часа по неговото појавување на „Ѕвездите на Гранд“ ја надминаа бројката од 500.000 прегледи. Медиумите во регионот веќе пишуваат дека младиот Македонец има се за да биде победник на ова шоу.

Погледнете во продолжение како изгледа македонската верзија на неговата прва авторска песна која го носи насловот „Кога сфатив“ на македонски, и „Кад си мени рекла иди“ на српски јазик.

Би можело да ве интересира

Изведба на проектот „Реобмислување – филм, музика и поезија” во Крива Паланка

(ВИДЕО) Лепа Брена е кралица на паѓањето: Прегрна колешка па двете се најдоа на земја

Катерина Ѓуровски

Почина гитаристот на АBBА, Ласе Веландер

А1он

Беше југословенската Мерлин Монро, сега не би ја препознале

Ана Ололовска

ВИДЕО: Овации за Синди Лопер низ Австралија, на 70 години се уште не ја издава гласот

Предраг Петровиќ

Бендот „Металика“ купи фабрика за производство на винилни плочи

Горан Наумовски