Популарната американска група „Аеросмит“ го откажа својот концерт во Џакарта предвиден за 11 мај, поради безбедносни причини, соопшти организаторот, агенцијата „Исмај Лајв“.
За концертот на овој хард рок бенд биле продадени околу 15.000 влезници. На веб страната на „Исмај Лајв“ е објавена порака од членовите на „Аеросмит“ кои им се извинуваат на своите обожаватели поради откажувањето на концертот.
Портпаролот на „Исмај Лајв“, Хелми Сугара, соопшти дека концерот е откажан откако индонезиските власти уапсија две лица кај кој е пронајден експлозив.
Според полицијата, уапсените се осомничени дека планирале напад врз Амбасадата на Мјанмар во Џакарта, поради „насилството на мјанмарските власти врз муслиманите“.