Британската пејачка Адел за време на концерт на Нов Зеланд им порача на своите фанови дека не знае дали во иднина повторно ќе оди на турнеи.
Адел на концертот во Окланд рече дека „турнеите не се нешто во што таа е добра“ и додаде дека не знае дали во иднина ќе ги организира, објави новозеландскиот весник „Хералд“.
Концертот во Окланд е последен пред концертот на стадионот „Вембли’ во Лондон, со кој ова лето ја завршува големата турнеја.
Познатата пејачка на концертот настаои по дожд, со целосно мокар фустан врз кој облече најлонски мантил.
– А јас потрошив два часа непотребно средувајќи ја косата и шминката, се пошегува наврнатата Адел.