Британската пејачка Адел постојано е критикувана поради прекумерната тежина. Но критиките не и претставуваат проблем на пејачката.
„Секогаш сум била во ред со својата тежина. Ги читам коментарите на интернет и тие би требало да ме вознемират, меѓутоа, мене моите килограми не ми пречат. Би одела на диета единствено ако тоа би го проправило мојот сексуален живот, а засега немам потреба за тоа“, истакна Адел, пренесува„The Sun“.
Адел е во среќна врска со 38-годишниот Симон Конецки. Пред еден месец тие станаа родители.