Членовите на шведската поп четворка АББА се собра вчера да присуствуваат на отворањето на еден ресторан, инспириран од мјузиклот „Мама миа“, а медиумите оценуваат, дека станува збор за ретко заедничко појавување на музичарите по разединување на групата.
Бени Андерсон, Агнета Фалтског и Ани-Фрид Лингстад се појавија на отворањето на грчката таверна на нивниот поранешен колега Бјорн Улвеус, каде гостите се поканети да ги пејат хитовите на АББА.
Сепак, поранешните членови на групата ни синоќа не пееја, ниту се фотографираа заедно, а исто така, ја отфрлија можноста повторно да настапуваат.
На прашањето за можноста АББА повторно да се собере, Андерсон само кратко рече „Не верувам дека тоа ќе се случи“.