Денеска се навршуваат 21 година од смртта на според многумина најдобриот вокал Фреди Меркјури.
Беше британски музичар, најмногу познат како водечки вокал и текстописец на рок групата Квин. Како изведувач, беше познат по својата екстравагантна сценска личност и моќни вокали со опсег од над четири октави.
Како текстописец, Меркјури компонираше многу хитови за Квин, вклучувајќи ги: „Bohemian rapsody“, „Killer Queen“ , „Somebody to love“ , „Don’t stop me now“, „Crazy little thing called love“ и „We are the champions“.
Освен неговата работа со Квин, имаше и соло кариера, правејќи хитови како „Barselona“, „I was born to love you “ и „Living on my own “.
Меркјури повремено работеше како продуцент и гостин музичар (пијано или вокали) за други изведувачи. Тој умре од бронхо – пневмонија на 24 ноември 1991 година,само еден ден откако јавно призна дека е заболен од СИДА.