ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство

Од:

Венко Филипче е најсериозна болест за македонското здравство, вчера почина девојче на возраст од две ипол години од наводна бактериска инфекција, во изминатиот период починаа неколку лица од грип, а се уште нема прогласено епидемија, епидемијата од морбили коси низ целата земја, а одговорност за катастрофалното справување со ситуацијата нема, раководењето на Филипче со министерството за здравство создаде невиден хаос, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Македонија имаме министер за здравство чиј бизнис и теснопартиски интереси се ставени пред здравјето на граѓаните.

Крвавите тендери за Филипче се поважни од животите на пациентите. Пред неколку дена заради хаосот во македонското здравство во извештајот „Најздрава нација во светот“ од можни 56 места се најдовме на 56-то место.

Според Европскиот здравствен потрошувачки индекс (ЕХЦИ), што претставува обид за мерење и рангирање на имплементацијата на здравствената заштита од гледна точка на потрошувачот или примателот на услугата бележиме пад од 9 места. Македонија во 2014 година беше прогласена за „Ракета на годината“, кога го зазеде 16-тото место со 700 бодови, што беше скок од 11 места. И во последниот извештај се посочува дека на ниту една земја не и успеало само за една година да се искачи за 11 позиции.

Раководењето на Филипче со министерството од ден на ден го осакатува здравството. За жал овој криминален картел на власт го има бизнисот пред здравјето на граѓаните. Пропаѓањето на здравствениот систем ќе запре само кога Филипче и картелот ќе си заминат од власт. Време е за оставки. Време е за казна на претстојните избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?